Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Известување по Јавен повик бр.06/2025

Институција која огласува: Влада на Република Северна Македонија

Рок на пријавување: 22/12/2025

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Комисијата за селекција, по објавениот Јавен повик бр. 06/2025 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, 2 (два) члена на Управниот одбор на Јавното претпријатие за водоснабдување Студенчица Кичево, 1 (еден) член на Управниот одбор на Јавно претпријатие за државни патишта и 2 (два) члена на Управниот  одбор на Јавно претпријатие Колекторски систем,

известува дека на ден 22 декември 2025 година (понеделник) со почеток во 14.00 часот, во просториите на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, Сала 3 (до Архивата), ќе се спроведе интервју со кандидатите кои успешно ја поминале административната селекција.

 

Линк до јавниот повик

Мени за пристапност