Средба и работен ручек помеѓу ЗПВРСМ Анѓушев и ЗПВРСМ и СЕП Османи со амбасадорот Филип Рикер

Во понеделник (04.03.2019), заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, ќе остварат средба и работен ручек, со Н.Е. г. Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Република Северна Македонија, кој во моментов ја извршува функцијата цивилен заменик и политички советник на командантот на Европската команда на воените сили на САД.

Рикер е идниот американски помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, а на средбата ќе се разговара за актуелниот политички контекст, перспективите на Република Северна Македонија со членството во НАТО и предизвиците во пресрет на јунските самити на ЕУ, како и потенцијалите што со направениот политички напредок се отвораат за економскиот развој на Северна Македонија.

Календар Влада: 
Monday, March 4, 2019 (All day)