Прес-конференција на министерката Костадиновска-Стојчевска

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на 21 септември 2023 година (четврток) во 12:00 часот во Медија-центарот на Владата ќе одржи прес-конференција.
 
На прес-конференцијата јавноста ќе биде запознаена со заклучоците од 45 сесија на Комитетот за светско културно наследство на УНЕСКО што се одржа од 12 до 17 септември во Ријад, Саудиска Арабија, а кои се однесуваат на Охридскиот Регион.
 
На прес-конференцијата ќе стане збор и за актуелните теми и состојби поврзани со Националната филхармонија и со НУ Библиотека - Тетово.

Видео на македонски јазик

Видео на албански јазик

Календар Влада: 
Thursday, September 21, 2023 - 12:00 to 13:00