Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски: Компанијата „ВИК“ ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања

Мицкоски: Компанијата „ВИК“ ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања

Добар ден и од мене.

Би сакал уште еднаш да го изразам своето задоволство што имаме нов производен капацитет, нова инвестиција, којашто се очекува кога ќе го достигне својот максимум да има нови дополнителни 300 вработувања.  

Компанијата „Вик“ за нас е многу важен, би рекол, партнер, посебно во Пелагонискиот Регион, посебно овде во Прилеп, којашто веќе успешно работи од 2018 година. 

Ние како Влада застанавме во насока на поддршка на оваа инвестиција и ќе продолжиме целосно да го преземаме институционалниот, би рекол, ризик или сето она коешто институциите треба да го подготват за инвеститорите, без разлика дали се тоа странски или домашни, во случајот станува збор за странски инвеститор. Посебно кога имаме ваков тип на инвестиција којашто има фокус на циркуларната економија, односно економија којашто е многу важна сега во Европа, економија којашто има за цел сето она коешто е старо и искористено да го рециклира и да го обнови, практично. Тоа е она коешто претставува додадена вредност и тоа е она коешто претставува сега тренд во рамките на економијата на самата Европска Унија. 

Јас уште еднаш би сакал да се заблагодарам на сопственикот за убавите зборови коишто ги кажа, за визијата и тоа што го препозна Прилеп и оваа економска зона, но и Македонија како дестинација за водење бизнис. 

Да се заблагодарам на директорот на ТИРЗ за поддршката која што како институција ја дава. 

Да се заблагодарам на градоначалникот на Општина Прилеп, кој исто така цврсто стои позади ваквите иницијативи, бидејќи и самиот сопственик на овој производен капацитет кажа дека е многу важна соработката со институциите на локално ниво, посебно образовните институции, од каде што нормално треба да регрутираме кадар за ваквите инвестиции, а сѐ со цел зголемување на локалната економија и на генерално, македонската економија. 

Да се заблагодарам на моите колеги од Владата, на пратениците што цело време се во насока на поддршка на вакви инвестиции и се разбира дека ние како Влада остануваме посветени да привлекуваме што е можно повеќе инвестиции во периодот којшто следи и да ги испорачуваме ветувањата коишто ги имавме кај граѓаните. 

Благодарам.    

Мени за пристапност