Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Филков: Регионалната соработка клучна за правосудството и ЕУ перспективата

Филков: Регионалната соработка клучна за правосудството и ЕУ перспективата

Денеска во Подгорица министерот за правда Игор Филков оствари билатерална средба со министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ.
Се разговараше за унапредување на соработката во областа на владеењето на правото, независноста на судството и спроведувањето на реформите во правосудниот систем во контекст на европската интеграција.
Беа потврдени одличните односи меѓу нашите држави, кои се темелат на пријателство, доверба и меѓусебна поддршка.
Беа разгледани можностите за понатамошно продлабочување на соработката, особено преку размена на искуства, добри практики и институционална соработка во рамки на реформските процеси и усогласувањето со европското законодавство.
Регионалната соработка и координацијата се клучни за постигнување одржливи резултати во реформите во правосудството и за зајакнување на европската перспектива на регионот.

Мени за пристапност