Билен Саљији, Министер за правда
Билен Саљији е министер за правда во Владата на Република Македонија.
Официјален е-маил: | kabinet@mjustice.gov.mk |
Фејсбук страна: | www.facebook.com/bilensaliji |
Роден е во 1975 година во Добри Дол, општина Врапчиште.
Саљији има завршено средно образование во гимназијата „Панче Поповски” во Гостивар и Правен факултет на Државниот универзитет во Тетово.
Од 2005 до 2009 година бил советник за односи со јавноста во Општина Врапчиште, а од 2009 до 2011 бил директор во ЈКП „Врапчиште“, Општина Врапчиште.
Во периодот од 2011 до 2017 година бил директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство.
Саљији има положено правосуден и нотарски испит.
Говори македонски, албански и англиски јазик.