Министерство за информатичко општество и администрација

 

Министерството за информатичко општество и администрација ги врши работите што се однесуваат на:

  • развојот и промоцијата на информатичкото општество;
  • креирањето и водењето на регистар на информационите и комуникациските системи и информатичката опрема во рамките на органите на државната управа;
  • интегрираната информатичка и комуникациска мрежа, базите на податоци, меѓусебното поврзување и размена на информациите, безбедносните аспекти и развојот на инфраструктурата на државните органи, правните и другите лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања;
  • следењето на состојбите со информациските и телекомуникациските технологии и воведување на меѓународни стандарди;
  • телекомуникациите и телекомуникациската инфраструктура;
  • радиодифузијата и радиодифузната инфраструктура;
  • законското уредување на прашањата во врска со администрацијата;
  • надзорот и обезбедувањето на единствена примена на прописите што се однесуваат на државните и јавните службеници;
  • развивањето на политиката поврзана со правата, обврските, одговорностите и оценувањето на државните и јавните службеници;
  • класификацијата и описот на работните места, платите и надоместоците на плати на државните и јавните службеници;
  • водењето Регистар за државните и јавните службеници;
  • подготвувањето стратешки документи за ефикасното и ефективното работење, обуката и стручното усовршување на државните и јавните службеници, организирање и спроведување на обуката;
  • развојот и координацијата на политиките во врска со управувањето со човечките ресурси;
  • реформата во јавната администрација;
  • остварувањето на меѓународна соработка по прашања од негова надлежност и
  • врши и други работи утврдени со закон.

Министер: Дамјан Манчевски

Адреса: "Мито Хаџи-Василев Јасмин" бб, 1000 Скопје

Тел: 02/3200-870, Факс: 02/3221-883

Website: www.mioa.gov.mk
Facebook: www.facebook.com/mioarm

.