Потпишување на договор за заем за изградба на фотонапонската централа Осломеј
Во петок (04.01.2019), во Медија центарот на Владата на Република Македонија со почеток во 13:00 часот ќе се одржи церемонија на свечено потпишување на договор за заем за изградба на фотонапонската централа Осломеј.
Договорот ќе го потпишат директорот за енергетика и енергетски капацитети на ЕБРД, Хари Бојд Карпентер и директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски, а на настанот ќе се обратат и Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши.