59-та седница на Владата
Седницата се одржа на:
30.03.2021 - 12:30
Соопштение за јавноста:
Записник од седница:
Преземи (704.11 KB)
Точки на предлог-дневен ред:
Точка | Наслов |
Пред точка | Усвојување на Записникот од 54-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 16 март 2021 година |
Пред точка | Усвојување на Записникот од 55-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 18 март 2021 година |
Пред точка | Усвојување на Записникот од 56-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 22 март 2021 година |
Пред точка | Усвојување на Записникот од 58-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 26 март 2021 година |
Пред точка | Информација за степенот на реализација на мерките за борба против корупција |
Пред точка | Статус на реализација на капиталните инвестиции |
Пред точка | Информација за степенот на реализација на препораките и преземените активности за зачувување на статусот УНЕСКО - Светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот Регион |
Пред точка | Записник од Триесеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус КОВИД-19, одржан на 29 март 2021 година |
1 | Информација во врска со сметководствените аспекти на правење на Годишна сметка и финансиски извештаи, како и пресметувањето на амортизацијата во АД „Аеродроми на Република Северна Македонија“ и во ТАВ Македонија |
2 | Предлог-одлука за давање согласност на Општина Могила да може да оттуѓува градежно земјиште кое предвидува градби од јавен интерес |
3 | Предлог-одлука за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија (40-655/1) |
4 | Предлог-одлука за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија (40-644/1) |
5 | Информација со Предлог-одлука за давање на согласност за давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на непосредна спогодба на Друштво за изградба и управување со енергетски централи СПХ – МБ ДООЕЛ Скопје |
6 | Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од covid - 19 врз производството, откупот на грозје и винската индустрија |
7 | Информација за повеќегодишна јавна набавка за Финансирање на активности за изградба на фекална канализација во населени места Камењане и Боговиње општина Боговиње / Informacion mbi prokurimin publik shumëvjeçar për financimin e aktiviteteve për ndërtimin e kanalizimit fekal në vendbanimet Kamjan dhe Bogovinë, Komuna e Bogovinës |
8 | Информација во врска со поднесената иницијатива за започнување на постапка за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина – варовник на локалитетот “Остра Чука“ с.Дебреште, Општина Долнени, со Предлог-одлука |
9 | Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од Хотел Тим’с, Скопје, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителските објекти |
10 | Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од Хотел Сквер, Скопје, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителските објекти |
11 | Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од Хотел Влахо – Скопје, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителските објекти |
12 | Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од Хотел Пине – Скопје, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителските објекти |
13 | Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од Хотел ТЦЦ Гранд Плаза – Скопје, со Предлог -решение за утврдување на категорија на угостителските објекти |
14 | Предлог – одлука за доделување на концесија за експлоатација на минерална суровина – минерална вода на Друштвото за производство, трговија и услуги Кожувчанка ДОО увоз-извоз Кавадарци на локалитетот “Прашник“, Општина Кавадарци |
15 | Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Страните на Северноатлантскиот Договор за безбедност на информации |
16 | Информација за потребата од донесување на Годишен план на Владата на Република Северна Македонија за склучување на договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста со влади на странски држави за 2021 година |
17 | Информација за формирање на Меѓуресорска работна група за меѓусебно усогласување и измена на законите и подзаконските акти поврзани со градење и електронските комуникации, со Предлог-одлука |
18 | Понуда од нотар Јасмина Радончиќ од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.1455 за КО Центар на КП бр.8532 викано место Ј.Сандански со површина од 37м2 |
19 | Предлог-одлука за давање согласност за давање под долготраен закуп градежно земјиште и за склучување на договор за давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија, по пат на непосредна спогодба на правното лице ЕВН Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција на електрична енергија, Скопје |
20 | Предлог-одлука за престанок за користење на недвжна ствар на Општина Велес и Предлог-одлука за пренесување во сопственост на недвижна ствар на Општина Велес |
21 | Извештај за работа на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија за 2020 годинаИзвештај за работа на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија за 2020 година |
22 | Информација за утврдување на Дирекцијата за заштита и спасување како корисничка институција (political ownership) за управување со проектот Техничка помош за зајакнување на системот за управување со катастрофи на Северна Македонија, преку развивање Национална стратегија за заштита и спасување и преглед на клучните придружни национални планови и документи за процена на користење на модифициран пристап за решавање на предизвици поставени од КОВИД-19 пандемијата, поддржан од Светска Банка |
23 | Предлог-одлука за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад (Апелационен суд Гостивар) |
24 | Информација за статусот на надградба на системот на Агенцијата за вработување на Република Сeверна Македонија за поврзување со Централниот регистар на население (февруари 2021 година) |
25 | Информација за добивање на согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со непосредна спогодба со Бошков Ристо с.Ѓавото – Гевгелија, со Предлог-одлука |
26 | Информација за спроведената постапка по објавениот јавен повик за доделување на дивечот во ловиштата на користење по пат на концесија во ловните реони Св.Николе, Македонски брод, Кавадарци, Неготино, Кочани, Берово, Делчево и Струга со предлог-одлуки за давање на дивечот во ловиштата на користење-концесија и Предлог – одлука за поништување на постапката за доделување на концесија на дивечот во дел од ловиштата објавени во Јавниот повик |
27 | Информација во врска со известувањето на Државниот инспекторат за шумарство и ловство согласно Извадокот од Нацрт-записникот од Четириесет и седмата седница на Владата на Република Северна Македонија |
28 | Извештај од преговорите за утврдување на текстот на Спогодбата за воздушен сообраќај помеѓу Делегацијата на Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска |
29 | Информација во врска со измена на Решението за формирање на Комисија за спроведување на постапката за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина – варовник на локалитетот “Острата Скрка“ Општина Струмица, со Предлог-решение |
30 | Информација во врска со измена на Решението за формирање на Комисија за спроведување на постапката за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина – варовник на локалитетот “Мирковец“ Општина Василево, со Предлог-решение |
31 | Предлог – одлука за давање на право на трајно користење на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија на Oпштина Охрид |
32 | Информација за правосилност на пресудата на Европскиот суд за човекови права во случајот Гелевски против Северна Македонија А.бр.28032/12, со Предлог-одлука |
33 | Информација за напредокот на проектот „Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Северна Македонија” |
34 | Предлог-одлука за воведување на рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗНБП) 2020/1385 на Советот од 1 октомври 2020 година за изменување на Одлуката (ЗНБП) 2015/1333 за рестриктивни мерки во поглед на состојбата во Либија |
35 | Предлог-одлука за распределба на средства остварени по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива како наменски дотации на општините за 2019 година |
36 | Информација за имплементација на Работниот план за преглед на занимања 2018 – 2021 година |
37 | Предлог-решение за изменување на Решението за именување на членови на Советот за безбедност и здравје при работа |
38 | Иницијатива поднесена од Дарко Јаневски од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.27/2021 за поведување на постапка за оценување на уставноста на одредби од Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во Службен весник на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.56/1999, 43/2002 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.21/2021) |
39 | Иницијатива поднесена од Олгица Трајковска од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.5/2021 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 21 став 1 точки 6 и 7, член 337 став 1 точка 3 и член 474 став 1 од Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.150/2010, 100/2012, 142/2016 и 198/2018) |
40 | Барање за давање на автентично толкување на член 3 точка 8, член 19 и член 20 од Законот за приватните агенции за вработување („Службен весник на Република Македонија" број 113/18 и Службен весник на Република Северна Македонија број 14/20), а во врска со членот 112 став (5) од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија" број 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија" број 110/19 и 267/20), поднесено од пратеникот Снежана Калевска Ванчева |
41 | Понуда од нотар Сихана Зибери Шабани од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.15431 и 15672 за КО Горно Лисиче-Вонград на КП бр.3869 во викано место/улица Купријан |
42 | Понуда од нотар Роза Николова од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.55444 за КО Центар 1 на КП бр.10098 |
43 | Понуда од нотар Пане Нацев од Кавадарци за продажба на сосопственички дел со Имотен лист бр.3007,Имотен лист бр.17489 за КО Кавадарци на КП бр.14466 во место викано Галишка |
44 | Понуда од нотар Катерина Митревска од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.96617 за КО Центар 1 на КП бр.8692 дел 1,КП бр.8692 дел 2 викано место/улица 171 и Имотен лист бр.8282 за КО Центар 1 на КП бр.8692 дел 11 викано место/улица 171 |
45 | Известување од извршител Моника Муча од Скопје, за налог за извршување, под И.бр.472/2020, за КО Ѓорче Петров 2 |
46 | Известување од извршител Даница Страчкова од Скопје за заклучок за усна јавна продажба, доставен под и.бр.568/19 за Ко Матка-вонград |
47 | Известување за искористени нафта и нафтени деривати отстапени од Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати за февруари 2021 година |
48 | Годишен извештај за работата на финансиската инспекција во јавниот сектор во 2020 година |
49 | Годишен извештај за реализација на Програмата за основни геолошки истражувања за 2020 година |
50 | Годишен извештај за работата на Геолошкиот завод на Република Северна Македонија за 2020 година |
51 | Годишен извештај за работата на Советот за стручно образование и обука за 2020 година (Совет за стручно образование и обука-Скопје) |
52 | Годишен извештај за 2020 година на Управата за финансиска полиција |
53 | Информација во врска со работата на Градски трговски центар Скопје, како и текот, односно користењето на паричните средстав во износ од 109.000.000 денари депонирани на банкарската сметка во Уни Банка АД Скопје, во сопственост на АД ГТЦ Скопје, а во врска со дописот бр. 17-20/17-38 од 16.10.2017 годна доставен од страна на Владата на Република Северна Македонија (Управа за финансиска полиција) |
54 | Информација за реализација на Програма за заштита на природата за 2020 година |
55 | Информација за полугодишен извештај за реализација на годишните планови кој содржи податоци за бројот на планирани и бројот на реализирани вработувања во институциите на јавниот сектор по институција |
56 | Информација за формирање на координативно тело за поддршка и одржлив развој на преспанскиот регион, со Предлог-решение |
57 | Информација за потребата од донесување на одлуки за престанок и давање на трајно користење на движни ствари на Општина Шуто Оризари, Општина Штип, Општина Кочани, Општина Виница, Општина Делчево, Општина Берово, Општина Пехчево, Општина Куманово, Општина Тетово, Општина Гостивар, Општина Прилеп, Општина Битола, Општина Берово, Општина Велес и Општина Крива Паланка, со Предлог-одлуки |
58 | Информација во врска со статусот на постапување по Информација за обештетување на поплавените лица во Скопскиот регион за поплавените од август 2016 |
59 | Предлог-одлука за основање на Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Загреб, Република Хрватска |
60 | Информација за добивање на согласност за доделување на трајно користење на недвижни ствари без надомест на Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за локална самоуправа |
61 | Информација за добивање на согласност за доделување на трајно користење на недвижни ствари без надомест на Државниот завод за ревизија |
62 | Информација со статус на реализација на економски мерки за справување со КОВИД-19 / Informacion mbi statusin e realizimit të masave ekonomike për ballafaqimin me COVID-19 |
63 | Предлог на закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Финансискиот договор КОВИД - 19 одговор на Северна Македонија – РБСМ, наменет за финансирање на мали и средни претпријатија и средно пазарно капитализирани претпријатија, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје, по скратена постапка |
64 | Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, по скратена постапка* |
65 | Меморандум за разбирање во соработка за конструкција на Коридор 8, проектот за автопатот Тетово - Гостивар - Букојчани, Требеништа - Струга - Ќафасан и конструкција на Коридор 10д, автопатот Прилеп - Битола помеѓу Bechtel & Enka и Влада на Република Северна Македонија (Министерство за транспорт и врски) |