12-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
26.03.2024 - 12:00
Соопштение за јавноста: 
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
Пред точка Статус на реализација на обврските и приоритетите на Република Северна Македонија како членка на НАТО, согласно Северноатлантскиот договор и НАТО процесот за одбранбено планирање
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од Европската Унија
Пред точка Состојби и напредок на Република Северна Македонија во процесот на преговорите за членство во Европската Унија
Пред точка Информација за статусот на подготовка на Реформската агенда 2024-2027, во рамки на Планот за раст за земјите од Западен Балкан
Пред точка Учество на Република Северна Македонија во системот на НАТО за одговор на кризи
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
Пред точка Статус на реализација на капиталните расходи во Буџетот на Република Северна Македонија
Пред точка Законодавна агенда на Владата на Република Северна Македонија, за периодот 1 јануари 2024 година – 30 јуни 2024 година
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците
Пред точка Информација за степенот на реализација на препораките и преземените активности за зачувување на статусот УНЕСКО - Светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот Регион
Пред точка Агенда за дигитална трансформација
Пред точка Информација за степенот на реализација на мерките од Планот за борба против корупција
Пред точка Степен на реализација на Акцискиот план за надминување на проблемите со КПУ Идризово
1 Информација за изменување на заклучок бр.44-7701/1 од 14.08.2018 година, по Информација за реализација на Договорот меѓу Република Македонија и ЕВРОПРАВДА (EURO-JUST)
2 Информација со Предлог-одлука за формирање Совет за следење на имплементацијата на Развојната секторска стратегија за правосудство (2024 – 2028) со Акциски план
3 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението за период од 07.03.2024-13.03.2024 година
4 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 05.03.2024 до 11.03.2024 година
5 Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.93/2024 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 57 став 2 во делот „член 10 став 3 на“ од Законот за одбрана
6 Иницијатива поднесена од Оливер Давидовски од Скопје, доставена до Уставниот суд под У.бр.105/2024 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 16 став 4 од Законот за управните спорови („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/2019)
7 Иницијатива поднесена од Оливер Давидовски од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.95/2024 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 4 став 3 во делот „поради судска ненадлежност“ од Законот за медијација („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.294/2021)
8 Прашања и предлози 
9 Извештај за реализација на Судскиот буџет за 2022 година
10 Информација за потребата на доделување на Амандман број 5 (Amendment 5 to Letter of offer and acceptance-LOA MK-B-UCC JLTV) кон склучениот договор влада со влада за набавка на лесни оклопни возила на тркала JLTV, помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави
11 Информација за потребата од донесување на Закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци - Штип и патна делница Кичево – Охрид, заради склучување Анекс бр.6 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид
12 Предлог за донесување 16-та Одлука за предавање недвижност во владение на Јавното претпријатие за државни патишта
13 Информација за текот на постапката за експропријација со Барање Владата да осигура постапувцање на итен и забрзан начин на сите релевантни државни и локални власти за спроведување на постапката за експропријацијас и сите други активности за спроведување на проектот Изградба на инфрас.кор8 и кор10Д
14 Информација за измена и дополнувања на обемот на делницата на автопатот Тетово - Гостивар од кор.8 и на делницата на автопат Прилеп - Битола од кор.10Д
15 Информација за потребата од промена на опфатот во секција 1 (Тетово - Гостивар), секција 2А (Гостивар Букојчани) и секција 4 (Прилеп - Битола) преку искористување на државно земјиште во полза на приватни парцели со цел намалување на времето и трошоците потребни за спроведување на постапката за експропријација за спроведување на проектот за изградба на инфрас.кор8 за делница Тетово Гостивар Букојчани, проектот за автпатот Требеништа Струга Ќефасан и кор.10д делница на автопатот Прилеп Битола
16 Информација за тип на наплата на патарина на кот.8 Тетово Ќафасан и кор.10д Прилеп Битола
17 Информација за идентификација на дигитални иновациски хабови во Северна Македонија
18 Информација за законскиот основ за никотински вреќички, со Предлог-заклучоци
19 Предлог-одлука за отворање почесен конзулат на Република Северна Македонија во Швајцарската Конфедерација, со седиште во Женева
20 Предлог-решение за именување на почесен конзул на Република Северна Македонија во Швајцарската Конфедерација, со седиште во Женева
21 Предлог-одлука за давање на трајно користење на недвижни ствари на Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Битола
22 Информација со предлог Програма за одбележување на Саем на месецот на жената – Гласна и храбра 2
23 Информација за давање одобрение за основање на приватно средно училиште „Медресеja Иса Беу“ во с.Кондово, Скопје, со Предлог-одлука
24 Информација во врска со организирање на Министерска конференција на 2 и 3 април 2024 година во Скопје, во рамки на претседавањето на Република Северна Македонија со Процесот за соработка на Југоисточна Европа
25 Информација во врска со одржување на седница на Собрание на акционери на Тутунски комбинат АД Прилеп, закажана за ден 03.04.2024 година 
26 Информација во врска со извршената евалуација од Јавниот повик за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина– песок и чакал на локалитетот „Паликура 2“ општина Неготино 8/2023 (Службен весник на Република Северна Македонија бр.284/23), со Предлог-одлукa
27 Предлог-одлука за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2024 година
28 Информација од Претседавачот на Координативното тело за следење на арбитражните постапки произлезени од меѓународни договори за разгледување на предлог, контра-понуда предложена од адвокатската куќа Orrick, Herrington & Sutcliffe за предметот г. Гокул Дас Бинани и г-ѓа Маду Бинани како тужители против Република Северна Македонија, за намирување на долгот на Бинаниеви кон Република Северна Македонија (извршна постапка)
29 Известување од Комисијата за вршење подготовки за почеток со работа на Јавната научна установа Институт за интелектуална сопственост, формирана со Решение бр. 41-12030/6 од 28.11.2023 година (Институт за интелектуална сопственост)