Компонента на постапување при непредвидени вонредни состојби - CERC

Со цел да се реализира компонентата на постапување при непредвидени вонредни состојби Проект за поврзување на локалните патишта во согласност со Еколошко-социјалните стандарди (ЕСС) на Светска банка подготвени се три документи кои можат целосно да се погледнат на македонски и англиски јазик на линковите подолу. Дополнително на секој од овие документи може да се достави Ваша забелешка или коментар на копчето за жалби и поплаки подолу.

План за еколошка и социјална посветеност (ПЕСП) МК | ЕN ги сумира потребните мерки и активности, како и времето за битните мерки и активности, упатува на конкретни планови или други документи, без оглед дали тие се веќе подготвени или треба да се изработат, ПЕСП налага почитување на сите одредби од тие планови или други документи. Поконкретно, ПЕСП налага почитување на одредбите утврдени во Рамката за управување со еколошки и социјални прашања (РУЕСП), Рамковната политика за преселување (РПП) и Планот за вклучување на засегнатите страни (ПВЗС) изработен за Проектот, како и на Процедурите за управување со работната сила (ПУРС), конкретните документи за проценка на влијанието врз животната средина и социјалното влијание (Планови управување со еколошки и социјални прашања (ПУЕСП) и контролни листи за ПУЕСП)), коишто ќе бидат изработени за Проектот.

Рамката за управување со еколошките и социјалните прашања (РУЕСП) МК | ЕN е подготвена за да се опфатат еколошките и социјалните прашања поврзани со Проектот за поврзување на локалните патишта на Владата на Северна Македонија. Документот претставува одговор на барањето да се опфатат Ставовите 12-14 од „Проекти во ситуации на итна потреба од помош или ограничувања на капацитетот“, кои се применуваат во однос на Компонентите на постапување при непредвидена вонредна состојба (КПНВС) при активирање на тие Компоненти. Во таков случај, КПНВС го поддржува спроведувањето на Уредбата на Владата на Северна Македонија за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствената и економската криза предизвикана од вирусот КОВИД 19, со која се утврдува механизам за поддршка на приходите за месеците април и мај 2020.

Целта на Планот за вклучување на засегнатите страни (ПВЗС) МК | ЕN е да се претстави како Проектната Единица за усогласено делување планира да комуницира со засегнатите страни врз кои Програмата може да има влијание или кои ќе бидат заинтересирани за неа, низ животниот циклус на Програмата. Исто така, ги опишува механизмите за поплаки, процес кој засегнатите страни можат да го користат да ја изразат својата загриженост околу Програмата преку давање свои мислења кои можат да влијаат врз имплементацијата на Програмата и нејзините резултати.

 

АНЕКС А КОН ПРИРАЧНИКОТ ЗА РАБОТА ВО ВОНРЕДНИ СИТУАЦИИ - МК | ЕN

 

Пред да нè контактирате, преземете и пополнете го образецот за поплаки и пофалби.

 

Најчесто поставувани прашања - МК | ЕN

 

Контактирајте нè доколку имате барање, жалби или поплаки