Џабир Доко - заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците
Џабир Доко роден е на 14 Април 1989 година во Охрид.
Во 2012 година завршил студии во Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА-Скопје како Дипломиран режисер
Во 2015 година завршил студии на втор циклус во Универзитет Евро Балкан – Скопје како Магистер по студии на културата.
Во период од 2007-2009 година работел како кординатор во British Council.
Во 2011 година работел во Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА-Скопје во својство на директор на ESRAfest.
Во 2011 година работел како Асистент на режија на претставата “И јас сум Орхан“ работена според делата на Орхан каде е вработен во својство на режисер.
Во период од 2017 година до 2019 година бил ангажиран со работа во Влада во позиција Надворешен соработник.
Доко учествувал во многу конференции и семинари, и тоа:
- Конгрес на новинари на туркофонските земји – 2015, Јалова, Р. Турција
- Конгрес на турскиот свет – 2014, Истанбул, Р. Турција
- Конгрес на Евроазиска Конфедерација на Синдикати – 2017, Анкара, Р. Турција
- Меѓународна конференција „Иднината на медиумите на туркофонскиот свет“ – 2016, Гирне, С. Кипар
- Меѓународна конференција „Независноста на Р. Македонија и билатералните односи меѓу Р. Македонија и Р. Турција“ – 2018, Истанбул, Р. Турција
- Политичка Академија – 2014, Институт Фридрих Еберт
- Платформа за мултикултурализам, 2014-2018, Прогрес Институт за социјалдемократија
- Младински Парламент, Охрид Институт за економски стратегии и меѓународни односи, 2016-2018.
Зборува турски јасик како мајчин, како и македонски јазик, англиски и српски.