Христина Оџаклиеска - заменик-министерка за животна средина и просторно планирање
Христина Оџаклиеска во 2006 година дипломира на Интердисциплинарните студии по инженерство на животната средина на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје како инженер по заштита на животната средина.
Во 2011 година на Технолошко-металуршки факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се стекнува со звањето магистер на технички науки од областа инженерство на животната средина.
Станува доктор на географски науки во 2017 година на Институтот по географија на Природно-математички факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Професионално е ангажирана како планер за заштита на животната средина и природното наследство во Агенцијата за планирање на просторот.
Од ноември 2017 година е член на Советот во Општина Кисела Вода.
Од септември 2020 година ја извршува функцијата заменик-министерка за животна средина и просторно планирање.
Автор е на голем број студии и учесник е во домашни и меѓународни проекти од областа на заштитата на животната средина и природното наследство.
Има објавено повеќе научни трудови.
Учествува како предавач и истражувач во проекти и конференции од областа на просторното планирање, заштита на животната средина и природното наследство, стратегиска оцена на влијанието на планските документи врз животната средина и сл.
Учествува на семинари и обуки од сферата на креирање на јавни политики и учеството на жените во политиката.
Говори англиски јазик.