Пристап до информации од јавен карактер | Прашања/барања и одговори

Во насока на подобрувањe на транспарентноста и отчетноста на Генералниот секретаријат, а согласно Извадокот од Нацрт – записникот од Сто дваесет и првата седница на Владата, одржана на 24 јануари 2023 година, Генералниот секретаријат објавува анонимизирирани барања за пристап до информации од јавен карактер, заедно со одговорите кои се доставени до барателот, со цел истите да можат да бидат повторно употребувани од други физички и правни лица без повторно поднесување на барање со иста содржина.

Напомена: До Генералниот секретаријат често пристигнуваат барања за слободен пристап до информации од јавен карактер со кои се побарани Информации разгледувани на седница на Влада, постапки за јавни набавки и други слични барања. Иако овие барања се уважени и позитивно одговорени, односно на барателот му е доставена бараната информација, нивното објавување на веб страната е неизводливо поради обемот на изготвениот материјал.