Џеладин Ајвази, Заменик национален координатор за спречување на насилен екстремизам

Џеладин Ајвази роден е на 5 март 1979 година во Куманово. Основно и средно образование завршил во Куманово, а дипломирал во 2007 година на Факултетот за англиски јазик и книжевност при „Државниот Универзитет во Тетово“.

Од 2003 до 2004 година бил професор по англиски јазик во СОУ „Перо Наков“ - Куманово, а од 2004 до 2007 година бил вработен во Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија како помошник контролор, од каде во 2007 година повторно се вратил на поранешната професија.

Со Одлука на Владата на Република Македонија на 04.08.2017 година именуван е за заменик национален координатор за спречување на насилен екстремизам.


Телефон за контакт: +389(0)2 3213-940, локал 278
Е-маил: xheladin.ajvazi@gs.gov.mk