Александар Николоски

Функција: 
Заменик претседател на Владата и министер за транспорт
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Фотографија: 
Биографија: 

Александар Николоски е истакнат македонски политичар и дипломиран политиколог. Тој е роден на 24 март 1984 година.

Николоски заврпшува високо образование на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што се стекнува со титулата дипломиран политиколог. Потоа го продолжува своето образование на истиот факултет, каде што =е кандидат за магистер по политички науки и меѓународни односи.

Неговата професионална кариера започнува во 2000 година, кога станува претседател на Средношколската унија на Македонија, позиција која ја врши до 2002 година. Од 2002 до 2004 година, Николоски е секретар на ФРЕСТА - програмата за невладини организации и меѓуетнички дијалог на југо-источна Европа, поддржана од Министерството за надворешни работи на Кралство Данска.

Во 2006 година, Николоски е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, каде што остранува сé до 2016 година, а потоа повторно е избран во 2020 година каде останува до 2024 година. Во Собранието тој е член и претседател на бројни комисии, вклучувајќи ги Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Комисијата за надворешна политика, Комисијата за уставни прашања, и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Николоски исто така активно учествува во Парламентарното собрание на Советот на Европа, каде што беше потпретседател од 2015 до 2017 година. Тој е и прв потпретседател на Комитетот за политички работи и демократија и прв потпретседател на Комитетот за спроведување на обврските и заложбите на земјите членки на Советот на Европа (Мониторинг комитет).

Во својата кариера, Николоски има добиено бројни признанија и награди. Тој е избран за Европски млад лидер 40 под 40 највлијателни личности во Европа за 2022 година од страна на организацијата „Пријатели на Европа“, официјален избор на Европската Унија.

Александар Николоски течно говори англиски и француски јазик.