Груевски: Вистината ќе излезе на виделина, спремен сум и ќе одговорам на сите прашања во судска постапка
Ќе одговорам на сите прашања во судската постапка која ќе биде јавна и транспарентна и за домашната и меѓународната јавност и ве повикувам да го следите случајот и да ги гледате доказите, да ги препознаете шпекулациите, порача премиерот Никола Груевски денеска во обраќањето, а во врска со поднесените кривични пријави за „шпионажа“ и „насилство спрема претставници на највисоките државни органи“ за четири осомничени лица, од кои еден е претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Од денес, потенцира меѓу другото премиерот Никола Груевски во обраќањето, ќе слушате секакви шпекулации, но вистината за се ќе излезе на виделина.