Демант од премиерот Никола Груевски

Демант на прес конференцијата на Зоран Заев одржана на 15.03.2015 година

 

Почитувани,

Најостро ги демантирам, како целосно невистинити, наводите изјавени од Зоран Заев за тоа дека наводно сум купувал градежни плацеви и дека наводно сум сопственик на било каков плац, или пак на било каков начин поседувам имот надвор од оној кој е пријавен во мојот анкетен лист, кој е јавно објавен.

Овие наводи се целосно измислени и невистинити. Тоа  се лаги и конструкции чија цел е јасна, а тоа е моја компромитација, како дел од сценариото кое овој човек го одработува.

Очигледно откако сфаќаат дека ефектот од ова што го прави Зоран Заев е далеку од она што го очекуваа, тој се повеќе се заглавува во нови и нови конструкции и на тој начин сака да го дефукисира вниманието од неговата лична одговорност базирана на злоупотреби и тешки кривични дела.

 

Со почит,

Никола Груевски

Претседател на Владата на

Република Македонија