Велигденска честитка од премиерот Груевски до верниците на Евангелско-методистичката црква
До: ЕВАНГЕЛСКО-МЕТОДИСТИЧКА ЦРКВА
Г. Емил ЗАЕВ, Претседател
Почитуван г. Заев,
Ми претставува чест и задоволство на овој пресветол ден, во името на Владата на Република Македонија и во свое лично име, Вам, на Вашето ценето свештенство и на сите верници на Евангелско-методистичката црква во Република Македонија, да Ви го честитам Христијанскиот празник - Велигден.
Воскресението Христово е момент на најголема радост на верниците. Овој празник е порака до целиот човеков род дека надежта за спасение не е залудна, дека неговата љубов за сите нас не познава граници, а неговата милост не прави разлики на еден човек од друг. Да се сака, да се простува, да се помага и на блиските и на незнајните е најдобриот начин да се оправда неговата вербата во човештвото. Живеењето на живот во кој се следат правилата кои се испишани во Светото писмо е придобивка и позитивен пример за живот исполнет со љубов, меѓусебно почитување, милосрдие кон другите и солидарност. Следењето на овие принципи се и човечки и цивилизациски придобивки кои носат подобар живот, сплотување и напредок.
Упатувајќи срдечни честитки, Вам и на сите верници Ви посакувам среќни и благословени празнични денови исполнети со радост, среќа и благодат.
Нека е честит и вековит големиот христијански празник Велигден !
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
Со почит,
Никола ГРУЕВСКИ