Клиниката за онкологија без листа на чекање за зрачна терапија
На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија целосно е анулирана листата на чекање за зрачна терапија, истакна министерот за здравство Никола Тодоров при денешната посета на Клиниката каде се во ек градежни работи за подобрување на условите за работа.
- Како Министерство фокус имамвме на оваа здравствена установа затоа што станува збор за пациенти кои се во исклучително тешка здравствна состојба и долгото чекање дополнително ја комплицираше и усложнуваше нивната состојба. Комплетното анулирање на листите се овозможи со работа во две смени и со третман на 50 и повеќе пацинети дневно како резултат на нова и подобрена организација на Килинката, изјави Тодоров.
Тој посочи дека во јануари 2014 година времето на чекање беше околу 3,5 месеци за зрачна терапија, а денеска е од еден до три дена, колку што е потребно за подготовка на пациентите за терапијата.
- Постојните три акцелератори кои ги имаме со добрата организација на Клиниката овозможија сериозно намалување на времето на чекање. Веќе е пристигнат и ставен во употреба апарат за имунолошки анализи од најновата генерација, еден од најдобрите во светот во овој момент, кој има огромен капацитет и во целост ги задоволува потребите. Исто така, набавивме и нов акцелератор во вредност од 1,7 милиони евра кој треба да пристигне на крајот на годинава или на почеток на наредната. За негово инсталирање Клиниката треба да направи дополнителна инвестиција за изградба на нов бункер, рече Тодоров.
Прецизира дека изработката на проектот е во завршна фаза, ќе следи објава на тендер за градежните работи во износ од околу 25 милиони денари по што ќе биде инсталиран четвртиот по ред акцелератор во Клиниката за радиотерапија и онкологија.
- На оваа клиника започна и имплементацијата на нова стручна метода за локализација на тумори што е побезбедна за пациентите и која првично беше пробана во 2011 година. Потоа се направија дополнители обуки, беше набавена дополнителна опрема во вредност од околу 2,5 милиони денари и беа испратени лекари на обука во Брисел преку Меѓународната агенција за атомска енергија, рече Тодоров.
Тој посочи дека наместо постојните девет амбуланти во Клиниката сега има 18 со што значително се забрза протокот на пациенти.
Директорот на Клиниката Милан Ристески истакна дека покрај анулирањето на листата на чекање го зголемиле и квалитетот на испораката на радио-терапијата и додаде дека идејата им е 25 отсто од пациентите да се префрлат на новата понапредна техника која овозможува подобро зачувување на нивното здравје.
- Ако порано верификација на позиција правевме само еднаш за време на третманот, сега кај сите пациенти обавезно правиме проверка еднаш неделно, а кај покомплицираните секојдневно, рече Ристевски.
Тој нагласи дека во сите околни земји има листи на чекање за зрачна терапија, а најспоредлива Македонија е, како што рече, со Унгарија каде листата на чекање е околу три недели. Анулирањето на листата во Македонија, додаде, се должи на подобрувањето на сервисните услуги за апаратите и ставањето на сите делови на уредите во гаранција и примањето на пет нови физичари.
Прашан зошто има застој во изработката на нови здравствени картички за оние кои ги изгубиле или оние што воопшто не ги подигнале, министерот Тодоров рече дека се разгледува најдобрата можна опција и додаде дека за добивање здравствена услуга воопшто не е неопходно пациентите да имаат здравствена картичка.
- Дали се издадени здравствените картички или не воопшто не им прави никаква разлика на граѓаните. Имаме еден од најдобрите електронски системи во Европа и комплетно сите податоци за пацинетите се во него. Така што дали некој има здравствена катричка во него или не, ја изгубил или не ја извадил, нема голема разлика. Доволно е само да го каже својот матиченброј и ја добива здравстената услуга затоа што во реално време во системот знаеме за секој пациент дали има или не здравствено осигурување, нагласи Тодоров.