Груевски: Активностите со странските инвеститори се движат во добар правец
Премиерот Никола Груевски по денешната посета на охридско-струшкиот регион оцени дека активностите со странските инвеститори се движат во добар правец.
Одговорајќи на новинарски прашања, Груевски најави дека ODV Електрик идниот месец планира да почне со градба на фабриката во ТИРЗ Охрид-Струга.
- Фабриката треба да биде готова до април следната година. Таму се предвидени 1.000 директни вработувања, истакна премиерот, додавајќи дека ODV Електрик стартуваше со одреден број вработени во браунфилд објект.
Втората германска компанија е Костал која почна изработка на проект за адаптирање постоечки браунфилд објект.
- По адаптирањето на просторот, од октомври планираат да почнат со работа кога ќе почнат и нивните први вработувања. Нова фабрика би почнале некаде во текот на следната година. Во меѓувреме ќе работат во постоечка хала која ќе ја адаптираат за своите потреби, нагласи претседателот на Владата Никола Груевски.