Воена делегација од САД во посета на Македонија
Соединетите Американски Држави се голем поддржувач на Република Македонија уште од самото прогласување на вашата независност. Горди сме на нашето долгогодишно партнерство со Македонија и остануваме посветени на долгорочната соработка во врска со регионалните и глобалните приоритети. Ова го истакна генерал Вилијам Фрејзер III по средбата со министерот за одбрана Зоран Јолевски.
Фрејзер Трети предводи воена делегација од САД, а цел на посетата е идните лидери на американските воени сили да се запознаат со Македонија и да ги разгледаат можностите за развој на соработката меѓу двете држави.
- Ви благодариме за континуираниот придонес на мировните напори во светот. Сите граѓани на Македонија можат да бидат горди на работата на вашата војска во поддршка на глобалната стабилизација и демократизација. Горди сме што може да ја нарекуваме Македонија наш партнер, сојузник и пријател и со нетрпение очекуваме да ја видиме како го исполнува својот целосен потенцијал на силна, енергична и просперитертна демокартија, целосно интегрирана во евраоталнтската заедница, рече Фрејзер на заедничката прес-конференција со министерот Јолевски.
Тој информираше дека од 1980-тите години КАПСТОН програмата претставува камен-темелник на стручното воено образование на најновите американски високи воени лидери.
- Програмата го унапредува нивното разбирање на заедничките прашања, како и нашата национална стратегија за безбедност. Една од клучните компоненти на програмата е практичната студиска програма во странство која нуди можнсот да се истражуваат региоанлните безбедносни прашања и да се стекне подобро разбирање на можностите на нашите пријатели и партнери, рече Фрејзер и додаде дека претходно ги посетиле Грузија и Романија.
Министерот Јолевски соопшти дека група од 20-тина американски генерали се во нашата држава за да се запознаат со тоа што Армијата на Република Македонија го има постигнато, со реформите што Македонија ги прави на нејзиниот пат кон НАТО. Ова, како што истакна, е доказ за стратегиското партнерство меѓу Македонија и САД.
- Ја искористив средбата да ги презентирам аргументите зошто Република Македонија заслужува да добие покана за членство во НАТО. Република Македонија останува посветена на процесот, под покровилтество на ОН, да се најде заедничко прифатливо решение со нашиот јужен сосед. Македонија што поскоро треба да добие покана за членство во НАТО бидеќји тоа го заслужува со реформите во областа на одбраната, а исто така тоа ќе придонесе да се зајакне стабилноста, не само во Република Македонија, туку во регионот, во Европа во целина, рече Јолевски.
Членството на Република Македонија во НАТО, потенцира Јолевски, е одлична прилика да покаже НАТО дека се проширува и зајакнува, а стаус-кво ситуацијата со поканата на Македонија не е решение.
- Ги претставивме реформите во Армијата за што од нашите партнери добивме највисоки проценки и уверување дека ќе продолжиме и понатаму заеднички да работиме на зајакнување на Република Македонија и на Армијата. Разговаравме за можноста офицери и војници од нашата армија да учествуваат во мисии на НАТО, мисии на ОН, за што се договоривме овој дијалог да продолжи во иднина, рече Јолевски.
Во текот на денов делегацијата ќе има средби со претставници од министерствата за внатрешни и за надворешни работи, а ќе учествуаат и на тркалезна маса на тема економија.