Пуштен во употреба реконструираниот водовод во селото Ботун
Премиерот Никола Груевски денеска го пушти во употреба реконструираниот водовод во селото Ботун, инвестиција од 3,5 милиони денари.
Покрај целосно реконструираниот водовод, според него, ископани се и два нови извори.
- Со тоа целосно се надмина проблемот со зачестените дефекти и недостатоци на вода, што беше честа појава во изминатите години, посебно во летниот период. Успешното завршување на овој проект е одлична причина веднаш да почнеме со нов проект во Дебрца, а тоа е изградбата на колекторот за отпадни води чиј камен-темелник го поставуваме денеска, истакна Груевски.