Груевски: Ако опозицијата е конструктивна ќе се запазат роковите од договорот од Пржино
Доколку опозицијата е конструктивна како што сме ние, навреме ќе заврши процесот за избор на специјален јавен обвинител и состав на ДИК, истакна премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање дали политичките парти ќе успеат да ги запазат роковите предвидени во договорот од Пржино.
Прашан дали ВМРО – ДПМНЕ има црвени линии во политичките преговори со опозицијата, Груевски нагласи дека црвените линии на партијата се Уставот, законите и вољата на граѓаните.
- Нашите црвени линии се секогаш Уставот, законите и вољата на граѓаните, подвлече Гуревски во изјавата дадена по посетата на Технолошко-индустриската развојна зона Охрид – Струга.