Груевски: СДСМ фрла магла во обид да го охрабри демотивираното членство
Наш интерес е што побрзо да се заврши договарањето околу специјалниот обвинител. Да се тргне таа магла што СДСМ ја фрла дека вака или онака ќе било. А тоа го прават со цел да го охрабрат нивното демотивирано членство кое и со право е демотивирано. Јас целосно ги разбирам и да се расчистат сите работи, изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на новото средно училиште во скопски Сарај.
За решението на судот да ги отфрли прислушуваните материјали како доказ во врска со кривичните пријави поднесени од СДСМ до Основното јавно обвинителство, Груевски рече дека не би ги коментирал одлуките на судот.