Груевски: Над пет милиони евра за Охрид, Струга, Вевчани и Дебар
Во регионот на Охрид, Струга, Дебар, па и Вевчани предвидени се 5,12 милиони евра за инфраструктурни проекти кои дел се преку Програмата за рурален развој што се распределени на овие четири општини, а дел се директни инвестиции од страна на различни министерства. Овие пет милиони евра директно ќе одат за развојот на овие четири општини, најави денеска премиерот Никола Груевски.
- Внимаваме на овој регион доста, се трудиме што повеќе да донесеме средства, инвестиции во различни проекти што се значајни за граѓаните како водоводи, канализациски мрежи, градба на инфраструктурни проекти, локални и регионални патишта,..., рече Груевски во одговор на новинарско прашање по поставувањето камен темелник на објкетот на ОДВ Електрик во индустриската зона Струга/Охрид.