Нови вработувања во МОН според Рамковниот договор

Министерот за образование и наука Панче Кралев изјави дека новите шеесетина вработувања кои произлегуваат од Рамковниот договор ќе бидат распределени во сите институции-единици на Министерството за образование и наука.

-  Тоа се Државниот просветен инспекторат, Бирото за развој на образованието,  Центарот за средно стручно образование, Управата за развој и унапредување на образованието на заедниците во РМ... Вработувањето на овие луѓе ќе се вклопи во систематизациите на секоја од овие единици, рече  Кралев, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на средното училиште „Лазар Танев“.