Ристовски: И годинава ќе се реновираат и градат студентски домови
Студентскиот дом Невена Ѓорѓиева-Дуња во Скопје ќе се урне и на негово место ќе се гради нов, најави денеска заминик министерот за образование Спиро Ристовски кој беше во работна посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Тој истакна дека и постојните штипските студентски домови влегуваат во Програмата на Владата и на Министерството за образование за реновирање и нивна санација.
- Истовремено стои приоритетот за изградба на нов Студентски дом во Штип. Јас не можам да гарантирам дека во 2016 година ќе почне со градба, но соодветно на потребите Универзитетот и во комуникација со управата во следниот период ќе направиме проекција за потребните студентски места за градот Штип, рече Ристовски.
Тој додаде дека и годинава интензивно ќе продолжи реновирањето и санацијата на сите Студентски домови во земјава.