Димитриев се сретна со потпретседателот на Европскиот парламент
Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, г-дин Емил Димитриев, денес (петок, 12.02.2016 година) оствари средба со г-дин Антонио Тајани, потпретседател на Европскиот парламент.
Соговорниците дадоа позитивна оценка за соработката на Република Македонија и Европскиот парламент и истакнаа заложба за нејзино унапредување во сите сфери од заемен интерес.
Беше разговарано за реформите кои се спроведуваат во нашата земја и се значајни за унапредување на стандардите значајни за европските и евроатлански интеграциски процеси.
Претседателот на Владата за спроведување на изборите Димитриев се заблагодари на поддршката која Европскиот парламент ја дава на нашата земја.
Потпретседателот Тајани истакна дека Европскиот парламент ќе продолжи со соработката со Република Македонија во поглед на реформскиот процес.
Двете страни разговараа за предизвиците во врска со мигрантската криза констатирајќи дека е потребен координиран одговор на меѓународната заедница.
Стана збор и за политичката состојба во земјата при што премиерот за спроведување на изборите Димитриев ги истакна активностите кои ги спроведува Владата за организирање на фер, кредибилни и демократски избори на 24 април.