Средба Емил Димитриев - Хојт Брајан Ли
Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, г-дин Емил Димитриев, денеска (петок, 04.03.2016 година) оствари средба со г-дин Хојт Брајан Ји, заменик помошник на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на Соединетите Американски Држави.
На средбата беа поздравени билатералните односи помеѓу двете земји кои се базирани на стратешко партнерство и соработка во сите сфери од взаемен интерес.
На средбата се разговараше за реформите кои ги спроведува Владата, политичката состојба во земјата, предизвиците во врска со мигрантската криза и интеграцијата на Република Македонија во НАТО и Европската Унија.
Двете страни ја истакнаа заложбата за организирање на фер, кредибилни и демократски избори.
Соговорниците дадоа силна поддршка на активностите кои ги презема Државната изборна комисија во врска со прочистувањето на избирачкиот список за изборите на 5 јуни, при што премиерот за спроведување на изборите Димитриев истакна дека постои соодветно време за спроведување на прочистувањето на избирачкиот список и посочи дека Владата ги реализира сите потреби на ДИК и е подготвена за комплетна поддршка на оваа активност врз основа на барањата на ДИК.
Соговорниците ја истакнаа значајноста на активностите на Владата во врска со реализацијата на правото на глас, за што веќе претседателот на Владата за спроведување на изборите Димитриев има испратено изјава и инструкција до сите носители на државни и јавни функции за превенција од влијание на било кој субјект при слободното одлучување на граѓаните на изборите.
Стана збор за предизвиците во врска со мигрантската криза и начините за менаџирање на истите, при што беше констатирано дека е потребен заеднички и координиран одговор на оваа тема на целата меѓународна заедница.
Двете страни ја потврдија стратешката определба на Република Македонија за интеграција во НАТО и во Европската Унија.