Нова опрема и зголемен број услуги во Здравствен дом Железничар
Нова опрема во вредност од над два милиони денари е набавена и ставена во функција во Здравствен дом Железничар, каде се зголемува бројот на пациенти, но и услугите кои се даваат во таа јавна здравствена установа.
По повод набавката на новата опрема, министерот за здравство Никола Тодоров денеска го посети Здравствен дом Железничар, по што изјави дека ставен е во функција и комплетно нов апарат за биохемиски анализи со што двојно се зголемил капацитетот на оваа здравствена установа од 200 анализи на 400 анализи дневно. Посочи дека се зголемил не само бројот на анализи, туку и видот на анализи кои сега ќе можат да се прават во таа јавна здравствена установа.
Тој ги посети кабинетите со нома мед опрема: ултразвучен дензитометар за детекција и следење на терапевтскиот третман за остеопороза, дермоскоп со адаптер и камера за дигитална дермоскопија, спирометар, апарат за периметрија, апарати за холтер мониторнинг и друга медицинска опрема набавена во изминатиот период.
- Во оваа здравствена установа изминатиот период беа преземени од приватно во јавно здравство пет специјалисти, а осум доктори беа испратени на едукација во странство и тоа во Словенија, Турција, Бугарија, со што практично покажуваме дека и во некои условно кажано помали здравствени установи, овој проект на едукација во странство функционира. Гледаме сите доктори и специјалисти кои ги имаме во јавното здравство да бидат испратени на едукација во странство и со тоа да помогнеме во воведување нови методи, рече Тодоров.
Како резултат на тоа, потенцира министерот, е воведена нова метода во делот на офталмологија.
- Можам да констатирам дека имајќи го предвид зголемувањето на бројот на пациенти, новата опрема која се набавила, воведувањето нови методи, оваа здравствена установа функционира одлично, додаде Тодоров.
Директорката на ЈЗУ Здравствен дом Железничар, Соња Тасевска Васиќ рече дека над 1.000 пациенти дневно доаѓаат во таа јавна здравствена установа, некогаш и повеќе кога имаат зголемен број систематски прегледи, а издаваат и лекарски уверенија за возачи...