Честитка од Димитриев до христијанските верници кои прославуваат Велигден

До:

Бискупија Скопска Ординаријат на Скопска Бискупија

Г. Киро СТОЈАНОВ

Бискуп Скопски и Апостолски Егзарх

 

Почитуван г. Стојанов,

Дозволете ми во свое име и во име на Владата на Република Македонија, Вам лично, на Вашето ценето свештенство и монаштво и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, да Ви го честитам најголемиот христијански празник - Велигден.

Христовото воскресение е најзначајната појава во историјата на човештвото. Славејќи го овој голем ден ја славиме победата на животот над смртта, вечноста над миговноста, го следиме патот на светлината и добрината. Христос воскресна за спасение на човековиот род и со воскреснувањето ни отвори нови порти, порти низ кои треба да помине секој оној кој живее доблесно, честито и богоугодно, секој оној кој живее според неговите поуки за добар и богоугоден живот.

Да го прославиме заедно овој голем христијански ден, да ги успокоиме душите со верба во Бога кој го осветлува пред нас единствениот благороден пат, патот на верата, традицијата и човековиот соживот. 

 

Нека Бог ни принесе мудрост, добрина и меѓусебно разбирање!

Нека е за многу години големиот празник!

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

Со почит,

 

Емил ДИМИТРИЕВ