Честитка од премиерот Емил Димитриев по повод празникот Песах
До: Г-ѓа Берта Романо – Николиќ,
Претседател на Еврејската заедница во Република Македонија
До: членовите и припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија,
Почитувана г-ѓо Романо – Николиќ,
Имам чест и задоволство, во името на Владата на Република Македонија и во свое лично име, Вам и на сите припадници на Еврејската заедница во Република Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник ПЕСАХ.
Посветеноста кон вредностите и истрајноста е заеднички белег на македонскиот и еврејскиот народ, тоа што ги обединува овие два народа е нивната упорност која воедно го обезбедила нивниот историски континуитет. Стекнатата слобода како заедничка вредност на двата народа продолжува да се негува со взаемна поддршка.
Еврејскиот народ е дел од македонското мултикултурно општество, токму затоа овој празник претставува богатство за мултиетничкиот и мултикултурниот карактер по кој е препознатлива Република Македонија. Јас сум уверен дека и во иднина ќе продолжиме достоинствено да го прославуваме овој голем Празник, а со тоа и да ги негуваме добрите односи кои Република Македонија ги има со Државата Израел.
Честитајќи Ви го уште еднаш големиот празник ПЕСАХ, Ве поздравувам и Ви посакувам убави празнични денови.
Со почит,
Емил ДИМИТРИЕВ