Одбележани 113 години од смртта на Гоце Делчев
По повод одбележувањето 113 години од смртта на Гоце Делчев, владина делегација предводена од претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев, министрите за одбрана и за култура Зоран Јолевски и Елизабета Канческа Милевска и заменик министерката за правда Билјана Бришкоска Бошковски, денеска положија цвеќе на неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Цвеќе на гробот на нашиот борец за слобода Гоце Делчев положија и делегација на Градот Скопје предводена од градоначалникот Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, како и делегации на политичките партии.
По повод 113 години од смртта на македонскиот национален херој и великан беше одржана панихида на Македонската православна црква.
Делегации од Владата и од Советот на Град Скопје положија цвеќе и на споменикот на Гоце Делчев на плоштадот „Македонија“.