Мисајловски:Експресниот пат Велес-Кадрифаково ќе биде готов до септември
Завршени се осумдесет и пет проценти од градежните работи на експресниот пат Велес-Кадрифаково во должина од 26 километри и се очекува да биде готов до септември годинава, информира денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
Инвестицијата за експресниот пат е 14,6 милиони евра. Две од предвидените три фази се целосно завршени.
- Моментно се врши асфалтирање на делови од третата фаза која е со должина од 10 километри. Досега се реализирани 85 проценти од градежните работи. Претходно ги завршивме двете фази и со оваа динамика на изградба очекувам патот да биде завршен до септември оваа година, изјави Мисајловски, при увид на градежните активности, придружуван од директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов.
Како што информира директорот Стојанов, на експресниот пат Велес Кадрифаково ќе се постави комплетно нова сигнализација, банкини, а на некои места ќе биде осветлен.
Велес-Кадрифаково, според Мисајловски и Стојанов, е од огромно значење за граѓаните од Источниот регион, каде не се инвестирало во патната инфраструктура повеќе од 40- тина години.Во тој дел од државата, најави ресорниот министер, ќе започне изградба на уште три експресни патишта. - Со нивната изградба граѓаните ќе добијат квалитетна патна мрежа која ќе придонесе за побрз и побезбеден сообраќај, како и економски развој на Источниот регион, изјави министерот Мисајловски
Според него, активно се работи и на изградба на автопатотот Миладиновци – Штип, во должина од 47 километри, каде се реализирани 36 проценти од градежните работи. Пробиени се 93 проценти од трасата и моментално се работи на земјени работи, а поставен е прв слој асфалт во дожина од околу 8,5 километри.