Заклучок од вчерашната владина седница

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Владата на Република Македонија, имајќи ја предвид актуелната светска економска криза, а со оглед на претстојните новогодишни и божиќни празници, на вчерашната седница донесе заклучок органите на државната управа, јавните претпријатија и јавните здравствени установи, фондовите, агенциите, бироата, заводите, управите, акционерските друштва во државна сопственост и сите останати државни институции, да не одржуваат прослави на државен трошок и да не доделуваат новогодишни пакетчиња со буџетски средства. Воедно, Владата заклучи да не се исплаќаат награди на вработените, како и регреси за годишен одмор.

 

Владата, истото го препорачува и на регулаторните тела, на единиците на локалната самоуправа, вклучително и на сите градинки, основни и средни училишта во Република Македонија.