Премиерот Димитриев се сретна со евроамбасадорот Орав
Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Емил Димитриев, денеска (среда, 27.07.2016 година) оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, г-дин Аиво Орав, по повод завршувањето на мандатот на евроамбасадорот во нашата земја.
Двете страни ги поздравија билатералните односи помеѓу Република Македонија и Европската Унија. Соговорниците изразија задоволство од меѓусебната соработка на секое ниво од взаемен интерес.
Премиерот Димитриев се заблагодари за постојаната поддршка која Република Македонија ја добива од Европската Унија во реализацијата на реформите и проектите за унапредување на стандардите во сите општествени сфери, и за личниот ангажман на амбасадорот Орав во таа насока. Претседателот на Владата на амбасадорот Орав му посака успешна работа во неговиот иден ангажман.
Соговорниците истакнаа дека и во идниот период Република Македонија и Европската Унија ќе продолжат со соработка за реализацијата на стратешката цел за европска интеграција на нашата земја.