Писмо со сочувство од премиерот Емил Димитриев до италијанскиот премиер Матео Ренци

Почитуван Господине Премиер,

 

Ваша Екселенцијо, 

         

Со длабока вознемиреност и жалење ја примив потресната вест за силниот земјотрес што го погоди централниот дел на Вашата држава, од кој животите ги изгубија голем број на Ваши граѓани, а уште повеќе се повредени или останати без своите домови.

Во овие исклучително тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и семејствата на загинатите и повредените граѓани, дозволете ми од името на Владата на Република Македонија и од мое лично име, да Ви упатам изрази на искрено сочувство, Вам и на семејствата на трагично настраданите.           

Македонските граѓани во повеќе наврати имаат претрпено човечки загуби и штети како резултат на природни катастрофи и затоа секој граѓанин на Република Македонија е свесен за трагедијата низ која поминува вашиот народ и искрено сочувствува со граѓаните  на Вашата држава. 

Длабоко сум уверен дека меѓународната хуманост и солидарност, што многу пати досега се демонстрирани на дело, и сега ќе помогнат во ублажување на страдањата и последиците од оваа голема несреќа која и се случи на вашата држава.

Мое искрено сочувство,

 

 

                                                                                      Емил ДИМИТРИЕВ