Честитика од премиерот Емил Димитриев по повод празникот Рош Хашана
До: Г-ѓа Берта Романо – Николиќ - Претседател на Еврејската заедница во Република Македонија
До: Членовите и припадници на Еврејската заедница во Република Македонија
Почитувани,
Имам чест и особено задоволство, во името на Владата на Република Македонија и во свое лично име, Вам и на сите припадници на Еврејската заедница во Република Македонија, да Ви ја честитам РОШ ХАШАНА, со искрени желби за успешна нова година.
Празнувањето и одбележувањето на деновите кои се поврзани со идентитетот, секогаш и секаде претставуваат симбол на припадноста и себеидентификацијата на еден народ, што претставува едно од основните човекови права. Почитувањето на ваквите денови во Република Македонија претставува значајна вредност на нашата држава и афирмација на меѓусебното разбирање помеѓу нашите граѓани. Тоа се вредности кои го чуваат нашето единство и го осветлуваат патот на нашата иднината.
Во оваа насока, Ви ја честитам новата година и Ви посакувам се што е позитивно и се што носи радост и среќа, а што не се случило во изминатата година, да Ви се случи оваа година. Воедно, Ви посакувам мир и спокој во секој од Вашите семејства и нека Вашите животи ги води љубовта, добрата мисла и добрите дела.
Со почит,
ЕМИЛ ДИМИТРИЕВ