Честитка од премиерот за спроведување на изборите Димитриев по повод Денот на народното востание

Почитувани граѓани на Република Македонија, 

Дозволете ми во името на Владата и во свое лично име, да Ви го честитам големиот празник 11-ти Oктомври – Денот на народното востание.

Денес, Република Македонија прославува 75 години од почетокот на големото народно востание и борбата на нашиот народ за ослободување од стегите на фашистичкиот окупатор. Денес се сеќаваме на големиот број борци кои тогаш кога било потребно се исправиле пред предизвикот на својата генерација и храбро ја повеле борбата која придонесе Македонија да го дочека крајот на Втората светска војна на страната на победниците, на страната на големата коалиција на земји поборници на мирот, слободата, демократијата и почитувањето на човековите права.

Сеќавајќи се на овие славни моменти од нашата историја и ние денешните генерации треба да се инспирираме колку што е можно повеќе и да останеме посветени, целосно и безрезервно, кон нови успеси и нови радости за нашиот народ. Ако пред 75 години предизвикот бил да се врати слободата на народот, денес е предизвик да се отворат нови работни места, да се донесат повеќе инвеститори, да се поттикне уште поголем економски развој, да се интегрира државата во Европската Унија и НАТО, да се изградат што повеќе патишта, да се подобри здравството и образованието, да се напредува во културата, земјоделието, туризмот и многу други полиња од значење за нашето секојдневие. Тоа се идеалите пред кои сме денес исправени и на кои треба да одговориме со сето срце и љубов за Македонија.

Нека е вечен споменот за борците од народно-ослободителната борба !

Нека ни е честит и вековит 11-ти Октомври !

Нека ни е успешна и вечна Татковината !

            Со почит, 

ЕМИЛ ДИМИТРИЕВ

Претседател на Владата на Република Македонија

за спроведување на изборите