Македонија потпиша нова петгодишна стратегија со ОН
Република Македонија, како одговорна членка, останува посветена на промовирање на основните вредности на Обединетите нации (ОН): мирот, правдата, човечкото достоинство, толеранцијата и солидарноста, рече денеска заменик - претседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски во обраќањето по повод 71-годишнината од Обединетите нации.
Попоски и постојаниот координатор на ОН во Македонија Луиза Винтон, во рамки на одбележувањето што го организира МНР, ја потпишаа новата петгодишна страгегија „Партнерство за одржлив развој”. Целта на Документот за чие спроведување од 2016 - 2020 година се предвидени 120,9 милиони американски долари, е промоција на рамномерен и одржлив развој, како и поддршка на интеграцијата на Македонија во Европската унија.
Договорени се пет приоритетни области за соработка: вработување, добро владеење, социјална вклученост, одржливост на животна средина и родова еднаквост.
- Документот што денеска го потпишуваме претставува континуитет на заедничките активности во следниот петгодишен циклус во области кои Владата ги смета за приоритетни и во кои успешно соработува со тимот на ОН. Зголемување на вработувањето, добро владеење и професионални институции, зголемена социјална инклузија, поголема грижа за ранливите категории, родовата еднаквост, чиста и одржлива животна средина, се областите кои сметаме дека ќе придонесат за благостсојбата на наелението и за севкупниот просперитет на земјата што секако, помага за забрузвање на нашиот евроинтегративен процес, подвлече Попоски.
Преку исполнување на нашите меѓуанродно прифатени обврски согласно бројните конвенции на ОН, настојуваме, додаде, да внесеме промени во животот на граѓаните, да креираме подобри мерки, да модернизирмае одредени општествени сфери и со тоа да создадеме подобра основа за одржлив развој.
Министерот информира дека минатиот септември, светските лидери ја усвоија агендата „2030-та - Иднината што ја сакаме“ која содржи 17 цели за одржлив развој. Овие цели, рече, не се апстрактни, туку се дел од основните потреби на луѓето на глобално ниво: да не бидат гладни, сиромашни, без здравствена заштита и образование, без пристап до чиста вода и одржлива енергија, да имаат пристојна работа и да не бидат дискриминирани.
- Глобалната порака содржана во 17-те цели која е преточена во Документот што денеска го потпишуваме, а воедно е и наша национална цел, е секој граѓанин да има еднакви можности за личен развој и исполнет живот, потенцира министерот Попоски.
Витон нагласи дека семејството на Обединитети нации ќе продолжи да работи со партнерите во владините институции, граѓанското општество и меѓународната заедница за да се осигура дека во духот на целите за одржлив развој, ниту еден граѓанин нема да биде запоставен.
- Целите за одржлив развој ги претворивме во нова петгодишна стратегија за земјата низ пет клучни приоритети, сосдавање повеќе и подобри работни места, да се зајакнат институициите на управата, да работат на транспарентен и правичен начин, да се надмнине социјалната ексклузија, особено за Ромите и инвалидните лица., целосно исполнување на ветувањата за родова еднаквост и заштита на живтоната средина, борба против климатските промени и градење отпорност кон катастрофи, рече претставникот на ОН.
Новата стратегија е развиена во консултации со националните партнери. Ги усогласува активностите на ОН со Одржливите цели за развој на глобално ниво и со членство во Европската унија на регионално ниво. Исто така поддржува бројни национални стратегии и акциски планови во повеќе сектори.
Владата ја усвои новата стратегија на Обединетите нации на 26 октомври 2016. Со почнување на новата програма, семејството на Обединетите нации во земјата ќе го усвои пристапот „Остваруваме како еден” за да обезбедат постратешко заедничко планирање и програмирање. Со овој пристап ќе се осигура дека 10 агенции кои имаат канцеларии во земјата и уште осум агенции кои имаат регионални или глобални центри – работат во координирано партнерство кон остварување на целите кои што се договорени во новата стратегија.
Обединетите нации во Македонија се присутни со 10 агенции и вработени вкупно 221 лице.