Ристовски: Годинава стипендии за осум студенти по старотурски јазик
Оваа година селектирани се осум стипендисти или вкупно досега во овие три години 17 студенти коишто се комплетно стипендирани од Владата и Министрството за образование за изучување на старотурскиот јазик, истакна денеска заменик министерот за образование Спиро Ристовски при посетата на основното училиште „Димитар Поп Георгиев- Беровски“ во Општина Ѓорче Петров.
- Ова е многу значаен проект за Македонија поради фактот за големината и количината на аргхивски и мареријали и останат тапии кои ги добивме и ги имаме од нашата соработката со истанбулскиот државен архив, и неопходно е да се изврши соодветен превод. Ако се има предвид дека до пред две година само две лица гопознаваа саротурскиот јазик, а сека имаме 17 стипендисти тоа значи дека безмалце десеткратно ќе се зголеми бројот на лицата кои ќе го познаваат тој јазик, рече Ристовски
Според него, тoа ќе ја зголеми брзината на преведување на историските архивски документи и на тапиите кои, како што рече, се од склучително значење за Македонија во смисла на целиот историки период наназад.