Честитка од премиерот Димитриев за Божик до Евангелистичко-методистичката црква

До: 

ЕВАНГЕЛИСТИЧКО-МЕТОДИСТИЧКАТА ЦРКВА

Г-дин ЕМИЛ ЗАЕВ, Претседател

 

Почитуван г-дин Емил Заев,

  Дозволете ми во свое име и во име на Владата на Република Македонија, Вам и на сите верници на Евангелистичко-методистичката црква во Република Македонија, да Ви го честитам големиот Христијански празник - Божиќ.

Христовото раѓање, светол настан за човековиот род, празник кога нашите срца се широко отворени за доаѓањето на убавата вест. Спокојно, во мир и хармонија, со љубов и радост да го пречекаме раѓањето на синот Божји и пораките кои тој ни ги носи. Да правиме добри дела, да имаме разбирање еден со друг, да бидеме љубезни еден за друг, во кругот на нашите семејства, помеѓу соседите и пријателите и севкупно во нашата држава, да го следиме нашиот Бог по патот кој за нас го има поставено. Тоа е патот на љубовта и спасението на човековиот род. Да го следиме Божјиот син кој е предводник на тој пат и да се радуваме што ја имаме можноста да чекориме по истиот. 

Нека вербата во Бога уште повеќе не зближи во нашата соработка и взаемно почитување, нека ни даде сила и поткрепа да ги умножиме причините кои не соединуваат и да ги надминеме препреките кои се исправени пред нашата татковина.

Нека е за многу години големиот празник – Божиќ !

 

Со почит,

 

 

Емил ДИМИТРИЕВ