Димитриев се сретна со претседавачот на БиХ Иваниќ
Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев денеска во Скопје оствари средба со претседавачот на БиХ, Младен Иваниќ.
Соговорниците ги поздравија билатералните односи кои се карактеризираат со континуиран дијалог на највисоко ниво меѓусебно почитување и пријателство.
На средбата е изразена заложба за унапредување на економската соработка, како и за можноста за воспоставување авионска линија помеѓу Скопје и Сараево за што во следниот период ќе продолжат дискусиите на ниво на министерства.