Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Почитувани, 

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република Србија, Александар Вучиќ. 

„Во име на Владата на Република Македонија, во мое лично име и во име на граѓаните на Република Македонија, Ви го честитам изборот и инаугурацијата за претседател на Република Србија.

Ви посакувам успешна работа на новата одговорна позиција и изразувам надеж за натамошно унапредување на соработката помеѓу двете држави. 

Македонија, во Република Србија отсекогаш имала традиционален пријател и сојузник во процесот на стабилизација и интеграција на Балканот, преку градење на добрососедски односи и взаемно почитување.

Интересите за интензивна соработка, почитувањето на демократските вредности, добрососедските односи и интеграцијата на регионот во Европската Унија се врвни интереси на граѓаните на двете држави и очекувам дека во таа насока ќе продолжиме да ја развиваме нашата соработка на повисоко ниво, во сите области кои се од интерес на граѓаните на Република Србија и Република Македонија“, се вели во честитката на премиерот Зоран Заев.