(Видео) Заев: Мојата намера е целосно почитување на судот и судските одлуки, oчекувам правда
Денеска почна судењето за процесот познат како „Поткуп“. Правно - формалното дејствие започна со барањето од моите адвокати за употребливоста на посебните истражни мерки од аспект заради тоа што се тие јавно објавени.
Согласно закон посебно истражна мерка којашто е јавно објавена не се употребува како доказ. Бевме на двоумица дали таа снимка да ја презентираме јавно во целовитоста, за да се дознае во суштина самиот предмет или да бараме нејзино изземање заради тоа што законот тоа го дава. Сепак одлучивме да ги користиме сите законски можности и Судот ќе донесе решение согласно барањето на адвокатите и буквално ние сме на двете страни. Како и да одлучи Судот, така и ќе ги користиме нашите права.
Јас лично како обвинето лице очекувам и сакам таа снимка да излезе во јавноста да се види целовитоста на дејствието коешто се случувало и да се види дека ниту имав намера, ниту се случил било каков поткуп. Но истовремено согласно правото и она што законот го овозможува недозволиво е да се заобиколи тој дел од законот, а вакви посебни истражни мерки коишто судот и претходно одлучувал да бидат изземени како докази во постапката и од таа можност заедно со мојот правен тим донесовме одлука, денеска да го побараме тоа законско право коешто ни следува. Секако штом судот ќе се изјасни веднаш продолжуваат следните дејствија кадешто очекувам правда.
П1: Очекувате ли Обвинителството да истражи од каде излегоа овие снимки?
Две и пол години Обвинителството истражува од каде излегле овие снимки. Се знае по закон дека постои само една снимка, не може да постојат две, дека должен и за нејзино чување, управување и процесуирање понатаму е само јавниот обвинител и веднаш истата снимка се појавува на јутјуб. Не треба да се биде посебен експерт или посебен стручњак во оваа област да се знае дали е истата снимка или не е. Истата снимка е, таа е снимката што се појави. Проблемот е што два пати е делена, сечена директно. За да се покаже комплетното дејствие требало ако се објавува барем цела да ја објави. Барем ако не друго, јавноста да ја знае целата вистина. Така да масакрирањето на самата снимка ја покажува целата грдосија на настан којшто сакаат да се прикаже во јавноста и тоа комплетно да се направи мое оцрнување, масакрирање и судење јавно за денеска да се изгуби дури и можноста на Јавното Обвинителство таквиот доказ да го употреби во постапката. Тие биле многу свесни дека објавувајќи ја оваа снимка го губат како доказ во постапката. Но сепак, заради јавниот масакр и политичко судење кое требало да се случи со Заев, тие се осудиле на ваков случај. Но јас сум само една страна од постапката. Судот е тој којшто ќе носи одлуки, мојата намера е целосно почитување на судот и судските решенија, како и судските одлуки. Се надевам дека брзо ќе се работи, ќе се донесат судски одлуки, за на крајот и јас како и сите граѓани, да ја дочекам правдата за мене.
П2: Зошто сега, зошто не на почетокот на постапката не побаравте судот да се произнесе по ова прашање?
Сега дојде фазата, јас како обвинето лице и моите адвокати пред почетокот на уводните зборови, го имам тоа процесно право.
П3: Поднесовте и вие кривична до Иван Николов Сачавалиев дали имате информации до каде е постапаката и дали обвинителството постапува по неа?
Како што ми кажуваат адвокатите, тоа е процесуирано пред Специјалното јавно обвинителство. Поднесени се други пријави против обвинителот заради објавувањето и слично. Еве, чекаме резултат од таквите пријави.