Информација за пожарите во Република Македонија и состојбa до 11:00ч.

Северен (скопски) плански регион

Пожарот кај браната Матка, во моментот се води како локализиран. На место на пожарот во текот на ноќта имало дежурна екипа од ЈП „Паркови и зеленило“. Во утринските часови имало еден налет и интервенција од еден хеликоптер.

Пожарот кај с. Студеничани, каде биле 2 жаришта, едното се води како локализирано, а другото чади.

Пожарот кај с. Бојане е на непристапен терен и има екипа на терен (општина Сарај).

Југозападен плански регион

Пожарот во атарот на с. Требовље и с. Растеш сѐ уште е активен и во гаснење на истиот ангажирани се следните сили и средства:  АРМ (за пожар во с. Требовље и дел од атар на с. Растеш); 3 хеликоптери (по 1 од АРМ, од Р. Бугарија и од Р. Турција) кои дејствуваат од утринските часови; месно население од с. Растеш и лице од с. Заграда, а се упатуваат и доброволци од Кичево, Прилеп и Скопје;  Силите на ШС „Сандански“ – Македонски Брод се ангажирани за дејствување на пожарот во с. Растеш и истите превземаат активности за локализирање на пожарот како не би се приближил до куќите и шталите со стока кои се во подножјето на с. Растеш, како и спречување на пожарот во м.в. КОРИТСКИ ДОЛ кој не би се проширил кон селата Растеш и Заград;

На пожарот во с. Девич ангажирани се лица од ШС „Сандански“ – Македонски Брод. Пожарот е под контрола, горните куќи од с. Девич не се загрозени, но пожарот сѐ уште е активен со намален интензитет на м.в. ПОПЕЦ.

На пожарот во атарот на с. Близанско, интервенирал и 1 хеликоптер и засега нема поголеми жаришта.

Пелагонски плански регион

Пожарот кај Подвис – Локвени, кој се прошири во пределот по ридот кон селата Алданци и Норово сѐ уште е активен. Горат стрништа и нискостебелста деградирана дабова шума. На терен моментално интервенираат екипи на ТППЕ Крушево и ЈП „Липа“ – Крушево.

Тетовско-полошки плански регион

Во регионот на Тетово активни се 2 пожари на отворен простор и тоа:

Над с. Копанце каде гори површина обрасната со сува трева по сртот на Планината Жеден и не е зафатена шума. На лице место е екипа од ШС „Лешница“ – Тетово.

Во атарот на с. Гургурница активен е пожарот што од страната на Македонски Брод се префрли на територијата на опш. Брвеница. Гори сува трева и пасишта. Екипа од ШС „Лешница“ – Тетово е на терен и ја следи состојбата.

Пожарот во с. Железна Река е локализиран во 23:00 часот на ден 03.08.2017 година.

Повардарски плански регион

Во атарот на с. Дреново, во месноста Дреновска Корија од 21:10 часот на ден 03.08.2017 година има активен пожар со кој е зафатена шума под даб, јасен и бука. На терен се вработените на ШС „Бабуна“ – Велес, но пожарот е интензивен и се бара гасење од воздух.

Пожарот во атарот на с. Богомила во месноста Црвен Дол кој на ден 03.08.2017 година во 20:30 часот беше ставен под контрола, а околу 22:15 часот повторно е обновен. Утрово на лице место се упатени екипи на ШС „Бабуна“ – Велес и ДЗС Велес. Од ДЗС известуваат дека на пожарот веќе интервенира авион.

Пожарот на падините на Горна Јакупица е активен, а теренот е непристапен за гасење.

 

Одделение за односи со јавноста

Центар за управување со кризи на РМ