Состојба со пожарите во Република Македонија до 11:00 часот (08.08.2017)

Охридски регион

  • Пожарот кај м.в. Фрлогоец (Женска Планина) кај Бистра Планина сè уште е активен, гори сува трева и нискостеблеста шума на непристапен терен. На терен се наоѓаат вработени во ШС Лопушник кои го контролираат теренот.
  • На подрачјето на Македонски Брод ситуацијата со пожарите е следна: Во моментов активен пожар има во атарот на с. Волче во подножјето на Сува Гора на м.в. Мрамор и м.в. Брдо. 
    Пожарот кај м.в. Фојник накај с. Брест е сè уште активен.
  • На пожарот во селата Калуѓерец и Могилец пожарот е ставен под контрола. Останатите пожари се под контрола, а поголемиот дел се локализирани.

Велешки регион

  • Пожарот кај с. Гуѓаково во правец кон Црна Река е сè уште активен. Гори висока сува трева и трња. 
  • Активен пожар има и на потегот Никодин – Јасеновска Глава.

Скопски регион

  • Активен шумски пожар има помеѓу селата Никиштани и Грачани. 

Битолски регион

  • Пожарот Дрен – Смолани, Прилепско се движи кон Тиквешијата и слегува према реката Црна. Огнот е раширен во три краци од кои едниот крак се движи од м.в. Степаново Сено кон врвот Клен каде моментално пожарот е приземен и нема опасност од проширување. Другиот крак оди према Гуѓаково односно према река Црна и третиот огнен крак се движи од м.в. Србиново према Галиште. Гори сува трева, чалија, смрека, и дабова шума.
  • Пожарот во с. Никодин, Прилепско сè уште е активен во неуредена шума (шикара).
  • Пожар на отворен простор има и кај с. Врбоец – Крушевско. Гори нискостеблеста дабова шума. 

Тетовски регион

  • Пожарот над с. Туденце кон складот на АРМ, Еребино и с. Сиричино, со помош на хеликоптерите, мештаните, ЈП Макаедонски Шуми и ТППЕ Тетово е ставен под контрола.
  • Пожарот во близина на с. Гургурница со помош на хеликоптерите, мештаните, ЈП Макаедонски Шуми и ТППЕ Тетово исто така е локализиран, но истиот се шири кон с. Здуње (опш. Македонски Брод).
  • Пожарот кај м.в. Фазанерија е под целосна контрола. Пожарот во с. Корито е локализиран.

 

Одделение за односи со јавноста
Центар за управување со кризи