Министерот Миле Јанакиески додели опрема, донација за Домот за доенчиња и мали деца во Битола

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во соработка со Асоцијацијата на превозници „Макамтранс“, Здружението на автобуски превозници „Исток“ и со АМСМ, денеска во ЈУ „Дом за доенчиња и мали деца“ во Битола, донираа опрема согласно потребите на установата.

Донацијата е дел од поширока акција во чии рамки на пет институции за згрижување деца им се донира опрема врз основа на претходно изготвена анализа за нивните потреби, истакна министерот за транспорт и врски во Владата на Република Македонија, Миле Јанакиески.

- Станува збор за хумана акција координирана од минстерството, а со која се донираат опрема и облека во СОС „Детско село“, Домот за деца без родители „11 Октомври“, Домот за доенчиња и мали деца во Битола, како и на ЦОР „Партение Зографски“ и „25 Мај“ во Скопје. Нашата цел е да го подобриме животот и начинот на функционирање на институциите. Вкупната вредност на донацијата за сите институции е поголема од еден милион денари, а во Битола дониравме професионален ултрасоничен инхалатор, посочи министерот Јанакиески.