Јавен оглас за избор на пет комисионери (членови) од кои еден е претседател на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија
Врз основа на член 182 и 183 од Законот за хартии од вредност, („Службен весник на Република Mакедонија“ бр. 95/2005, 25/2007, 7/2008, 57/2010, 135/2011, 13/2013, 188/2013, 43/2014, 15/2015, 154/2015, 192/2015 и 23/2016), Владата на Република Македонија објавува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
за избор на пет комисионери (членови) од кои еден е претседател на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија
Огласите можете да ги преземете на следниот линк.
1) Претседателот и комисионерите на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ги избира и разрешува Собранието на Република Македонија на предлог на Владата на Република Македонија.
2) Комисијата е составена од пет комисионери (членови) од кои еден е претседател.
3) Мандатот на комисионерите (членовите) е пет години, со можност за реизбор.
4) Двајца комисионери (членови) професионално ја вршат својата функција во Комисијата, а тројца се надворешни комисионери (членови) на Комисијата кои се ангажираат за вршење на работи во Комисијата, за што им следува надоместок.
5) Надворешните комисионери (членови) имаат право на месечен надоместок кој го утврдува Комисијата.
6) Во однос на остварувањето на правата, обврските и одговорностите од работен однос на претседателот и комисионерите (членовите) на Комисијата се применува Законот за работни односи.
7) Комисионерите (членови) кои професионално ја вршат својата функција во Комисијата се со полно работно време и не може да имаат друга функција и да бидат вработени на друго место или да добиваат друг надоместок освен платата како комисионери (членови) и надоместоци од повремени едукативни и авторски хонорари.
8) За претседател односно, комисионер (член) може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови и тоа:
- да е државјанин на Република Македонија;
- да има уверение за завршено високо образование;
- да е експерт од областа на финансиите и деловното право;
- поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години: ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен или БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода;
- има положено психолошки тест и тест за интегритет;
- има најмалку пет години работно искуство во областа на финансиите или деловното право;
- не е член на органи на политичка партија;
- не е член на управен одбор или надзорен одбор или одбор на директори на правно лице над кое контрола врши Комисијата, односно супервизија врши Народната банка на Република Македонија;
- не е акционер со над 5% учество во акциите со право на глас во акционерско друштво со посебни обврски за известување и 25% од издадените акции на кое било друго акционерско друштво;
- не е функционер кој раководи со државен орган или орган на државната управа;
- не е осудуван за кривично дело во период од пет години пред изборот за комисионер и
- не е осуден за кривично дело предизвикување стечај на правно лице.
9) Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- кратка биографија;
- уверение за државјанство;
- диплома за завршено високо образование;
- потврда дека е експерт од областа на финансиите и деловното право;
- меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години: ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC), (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен, БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода;
- доказ за положен психолошки тест и тест за интегритет;
- доказ дека има најмалку пет години работно искуство во областа на финансиите или деловното право;
- доказ дека не е член на органи на политичка партија;
- доказ дека не е член на управен одбор или надзорен одбор или одбор на директори на правно лице над кое контрола врши Комисијата, односно супервизија врши Народната банка на Република Македонија;
- доказ дека не е акционер со над 5% учество во акциите со право на глас во акционерско друштво со посебни обврски за известување и 25% од издадените акции на кое било друго акционерско друштво;
- доказ дека не е функционер кој раководи со државен орган или орган на државната управа;
- доказ дека не е осудуван за кривично дело во период од пет години пред изборот за комисионер и
- доказ дека не е осуден за кривично дело предизвикување стечај на правно лице.
10) Документите од точка 9 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до Архивата на Владата на Република Македонија или по пошта на адреса:
Влада на Република Македонија
Бул.„Илинден“ бр. 2, 1000 Скопје
со назнака: „За јавен оглас за избор на претседател и комисионери (членови) на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија“.
11) Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневните весници, заклучно со 16 февруари 2018 година.
12) Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.